Американскиот претседател Доналд Трамп денеска заедно со првата дама Меланија присуствуваше на велигденска миса во Епископална црква, што се наоѓа во близина на неговиот дом во Палм Бич. Но, Трамп и на Велигден беше активен на Твитер.
Прво им честита Велигден на своите следбеници, а во следниот твит се пожали на „смешните либерални закони“, кои според него, им ја отежнуваат работата на припадниците на граничната контрола.
Тој исто така наведе дека договорот ДАКА, кој им помага на имигрантите „повеќе не постои“.
Трамп изјави и дека ќе ги стопира приливот на пари за Мексико ако државата не направи повеќе за да ги запре Мексиканците да преминуваат во САД.
Во еден од твитовите, Трамп оцени дека ситуацијата „станува се поопасна“ и предупреди дека доаѓаат „караваните“.
Тој се закани и дека ќе го поништи договорот НАФТА за слободна трговија помеѓу САД, Канада и Мексико