Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за билатералните односи и регионалните проблеми, изјави неименуван претставник на турските власти.
Според него, Ердоган и Трамп разговарале за ситуацијата во Сирија, Ирак и Појасот Газа, како и за борбата против тероризмот. Двајцата лидери се договориле за интензивирање на соработката и координација помеѓу двете земји.
Сопред соопштение на Белата куќа, разговорот Трамп – Ердоган бил посветен на „регионалните настани и стратешкото партнерство на САД и Турција“.
– Двајцата лидери изразија поддршка за продолжување на напорите за зајакнување на соработката помеѓу двете држави, за заштита на заедничките интереси како сојузници во НАТО и решавање на проблемите кои влијаат на билатералните односи – посочи Белата куќа.