Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша денеска налог за распоредување на Националната гарда која ќе помогне во заштитата на границата со Мексико.
Националната гарда ќе ги поддржи силите за царинска и погранична заштита на САД.
Сосотојбата на границата е критична, јавуваат американски медиуми.
Министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен наведе претходно дека трупите веќе денеска ќе тргнат кон границата.
Не е прецизирано колкав број припадници на Националната гарда ќе бидат распоредени ниту колку ќе чини операцијата.
Нилсен рече дека админстрацијата веќе изработила нацрт закон и ќе побара од Конгресот законско овластување и ресурси за да се реши кризата на границата на САД.
ФОТО: снепчет