Претседателот на САД, Доналд Трамп во воздухопловната база „Мирамар“ во Сан Диего најави дека еден ден ќе има американски вселенски сили, кои заедно ќе се борат со авијацијата, пешадијата и другите родови на армијата.
Според американските медиуми идејата за вселенските сили почнала како спонтан коментар, но тој одлучил дека тоа е сјајна идеја.
Трамп истакнал и дека многу скоро луѓето ќе патуваат на Марс.
– Многу скоро ќе одиме на Марс. Да ви кажам дека не би оделе на Марс ако победеше мојата опонентка (Хилари Клинтон). Не би ни размислувале за тоа, посочи Трамп.