Трамп: Мексико мора да ни помогне на границата

- Мексико прави многу малку, а можеби и ништо, за да го спречи приливот на луѓе на нивната јужна граница, а потоа во САД - напиша Трамп на Твитер.

183

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Мексико „треба да им помогне на САД на границата”, нагласувајќи дека многумина во неговата земја доаѓаат од Мексико, бидејќи сакаат да ги искористат предностите на програмата, која од депортација ги штити имигранти во САД, кои како деца влегле на американската територија.

– Мексико прави многу малку, а можеби и ништо, за да го спречи приливот на луѓе на нивната јужна граница, а потоа во САД. Се смејат на нашите глупави закони за имиграција. Тие мора да го спречат големиот прилив на дрога и луѓе, или ќе го стопирам Северноамериканскиот договор за слободна трговија. Потребен е ѕид, напиша Трамп на Твитер.

Тој вели дека „сите оние кои доаѓаат во голем број се обидуваат да извлечат корист од програмата ДАКА”.

Трамп претходно, во текот на неделата, меѓу другите пораки објавени на Твитер, рече дека договорот ДАКА кој им помага на имигрантите „повеќе не постои”.

Американскиот претседател ги обвини демократите за постигнување на тој договор.

Трамп минатата година стави крај на програмата ДАКА, која беше усвоена во времето на неговиот претходник, Барак Обама, но федерален судија и наложи на администрација на Трамп да продолжи со издавање дозволи.

Дури и по неколкумесечните преговори меѓу Белата куќа и пратениците од двете страни, уште не е постигнат договор за заштита на корисниците на програмата.

Станува збор за програма за заштита на странски малолетни лица кои влегле нелегално во САД пред да наполнат16 години, а на кои прво им се издава дозвола за престој, како и дозвола за работа, а потоа им се издава дозвола за постојан престој, доколку исполнуваат одредени услови.и

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...