Tрамп: И САД би можеле да воведат доживотен претседател

495

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е многу добро што кинескиот претседател Си Џинпинг ќе може доживотно да ја извршува функцијата.

Тој се пошегува дека и САД треба да преземат реформи и да овозможат такво сценарио.

Трамп на синоќешната донаторска вечера на републиканците во Флорида истакна дека Џинпинг „сега е доживотен преседател“.

– Успеа (Си) тоа да го направи. Доживотен претседател. Сјаен е… Мислам дека тоа е сјајно – наведе Трамп, додавајќи оти и САД „деновиве би можеле да се обидат такво нешто“.

Тој за време на вечерата ја критикуваше Хилари Клинтон, истакнувајќи оти ирачката инвазија е „најлоша одлука кога било донесена“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...