Претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со британската премиерка Тереза Меј во врска со протерување на руски дипломати од двете западни земји како одговор на труењето на поранешниот руски шпион во Англија, соопшти Белата куќа.
„Двајцата лидери се согласија за потребата од разбивање на шпионска мрежа на Русија во Велика Британија и САД, од ограничување на руските нелегални активности и од спречување на хемиски напади на териториите на двете земји“, се наведува во соопштението.