Американскиот претседател Доналд Трамп го смени министерот за прашања на ветераните Дејвид Шулкин и на таа позиција го именува докторот на Белата куќа Рони Џексон.
Одлуката е донесена по скандал поврзан со етиката во Министерството.
Трамп соопшти дека Џексон е „високо обучен и квалификуван“, а американските медиуми коментираат оти оваа одлука навестува дека претседателот на чело на ова Министерство, соочено со огромни бирократски предизвици, сака некој кого го познава и му верува.
Неименуван извор близок на Трамп информирал дека Џексон од 2013 година е лекар на претседателот. Тој и стана познат на јавноста откако на прес-конференција во јануари ги објави резултатите од лекарскиот преглед на Трамп при што претседателот бил импресиониран од неговото однесување пред камерите и вештите одговори на новинарски прашања додека ја опишувал сликата за неговото здравје.
Американската ветеранска организација изрази загриженост за смената на Шулкин и именувањето на Џексон, за кого смета дека нема доволно искуство за да раководи со ова големо Министерство.