Трамп го потпиша указот за финансирање на Владата на САД

83

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го потпиша указот за федералниот буџет, што претходно го усвои Конгресот, прекинувајќи ги со тоа шпекулациите за можна повторна блокада на финансирањето на владата на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Буџетот од 1.300 милијарди долари, со кои се покриваат трошоците за функционирање на армијата и владата до септември, беше исвоен од страна на Конгресот ноќеска по полноќ по локално време.

Околу 700 милијарди долари од овие средства се наменети за армијата, што е за 66 милијарди долари повеќе од лани. За цивилните институции, министерствате и разните агенции се оредвидени 591 милијарди долари или 52 милијарди повеќе од лани.

Трамп во текот денот одбиваше да го одобри законот. Во соопштение објавено претходно денеска, тој посочи дека законот не ги опфаќа имигрантите од ДАКА програма, донесена од неговиот претходник Барак Обама, кој дава легален престој и државјанство на 800 илјади нерегистрирани деца и тинејџери од Јужна Америка кои илегално пристигнале во САД со нивните родители и дека не предвидува финансирање за поцврста гранична котрола, бидејќи средствата за изградба на ѕид на границата со Мексико е речиси тројно намалени.

– Размислувам да ставам ВЕТО на сеопфатниот закон за финансирање на владата, објави Транп на Твитер, подгревајќи шпелулации за повторна блокада на американската Влада.

Сепак, на крајот Трамп отстапи од своите позиции и го потпиша указот за буцетот, кој претставува компромисно решение меѓу двете партии во Конгресот.

– Моја врвна должност е безбедноста на Америка. Треба да се грижиме за нашата војска, изјави американскиот претседател.

Крајниот рок за усвојување на буџетот за финансирање на федералната влада истекуваше денеска на полноќ и со поптишување на указот од страна на Трамп избегнати се компликации во време кога започна пролетната пауза во работата на Конгресот и кога многу конгресмени и сенатори отпатуваа од Вашингтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...