„Тиквеш“ заврши со исплатата на откупеното грозје

Долгорочната соработка на „Тиквеш“ со лозарите, физички и правни лица, се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро - технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади.

144

И оваа година, близу еден месец пред крајниот законски рок, Винарската визба „Тиквеш“ заврши со исплата на средствата за откупеното грозје од последната берба.
Заклучно со 5-ти април, исплатени се средствата на лозарите и постигната е средна цена од над 16 денари и максимална цена од над 22 денари за килограм квалитетно грозје.

– Редовната исплата, како и постигнатите цени за килограм грозје кои се поголеми од препорачаните цени заради високиот квалитет на грозјето, се најдобар показател за стратешкиот пристап што го има „Тиквеш“ во градењето на партнерскиот однос со лозарите што е предуслов за производство на вина со врвен квалитет кои ќе бидат конкурентни на светски вински пазари – вели генералниот директор на Винарската визба „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Долгорочната соработка на „Тиквеш“ со лозарите, физички и правни лица, се остварува преку континуирана едукација и поддршка при примената на современи агро – технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади. На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...