Тевдовски: Заедно креираме европски и квалитетен закон за јавни набавки

165

Од Предлог-законот за јавни набавки се очекува да ја зголеми транспарентноста на постапките. Во исто време тој треба да ја подобри ефикасноста, да стави акцент на најдобрата економска понуда, да ги поедностави постапките и да обезбеди услови за реална конкуренција. Има нови постапки, нови начини и алатки, особено во делот на електронски јавни набавки, има нови вредносни прагови за примена на законот, но и зајакната контрола и транспарентност. Ова го изјави министерот за финансии Драган Тевдовски на јавната дебата која се одржи денеска во Штип.

Дебатата е  во организација на ЕПИ Центар во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ и во соработка со стопанските комори.

Тевдовски најави и интензивни активности кои ќе доведат до квалитетно подобрување во системот на јавните набавки, но и до подобрување на деловната клима.

– Ќе треба да се направи надградба на електронскиот систем за да се прилагоди на новите решенија, како и да се воведе електронскиот пазар на мали јавни набавки. Исто така, се планира изготвување посебен закон за набавките од областа на одбраната и безбедноста. Ова е нешто што Европската комисија го нотира повеќе години наназад поради неусогласеноста со соодветната директива за овој вид набавки – рече Тевдовски.

Законот се очекува да се усвои во октомври, а да се применува од јануари следната година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...