Tetova erga omnes 2

Поболниот дел од гачката (приказната)

2755

Ми кажуа људи дека прошлата гачка, како „они“ нѐ „онадуа” свите „нас”, за некого била многу била потресна, а за некого ништо ново и дека је тоа „ненормално-нормално”. Ја на свите им кажем што викала прабабами Епса: „Кажи да не реча после зашо никој не кажал”.

Ка познат тетовски гачкаџија (раскажувач на приказни), невероватно успешно оперисан од национализми и патриот за општо добро, да Ви га кажем поболната гачка од прошлата, а таја је – како се „онадуемо” мие меѓусебе. Зашто за некој да прае што ќе му се ќефне, другиов треба или да замижуе или да се прае дека живи у м’гла. Машала м’гла не ни фали, мие више и гледамо што удишуемо.

Значи, гачката…

Како се „онадуемо” мие меѓусебе, на личен пример, а такви у Полошко има иљаднице а у С…… (па ми упикале патриоска тастатура, нејќе да напише, нејсе) Македонија има десетице иљаде.

Откогај прошлине што сакаа да бида будуќи ме прогласија за „ѓубре комунистичко” (ничим изазвани) и ми га украдоа телевизијата (Менада), а со тоа некој 110.000 евра, па ка што га украдоа таќе га затворија, а у меѓувреме опраја некој 1.350.000 евра за кој знаем и вероватно уште многу што не ги знаем, таќе овја друѓива ме есапа за шпиун ВМРО-вски (ничим изазвани). За друѓиве, за крадење (барем од мене) не остана ништо. Двете прогласуења ги есапим за лична победа и уште еден доказ дека сум останал нормален.

И таќе, пред неколку месеца, ја прогласуем тревога у ужа фамилија. Ги седнуем на астал и им кажуем дека ваќе не се издржуе и прашуем до кеј ни е фондот за фамилијарна поддршка на локалниот патриотизам. Онаја, жена ми, се уцрвене појќе од претходната гачка кој га седнав у „резервоар” и со еден поглед ми кажа дека је време да га затворим фирмата (Плус форте Радио 1992 – 20.., божееее ка стариве кој праа припрема за надгробна плоча) и да фатим да возим такси, зашо 6 месеца не сум донел дома ни од минималец.

Е ќе видите бе вие, им викам, сега ќе ви покажем дека ЈА не сум сам у држааава… Таќе, реско и одлучно. Си мислим у себе, абе не се затвора таќе л’сно еден од најстарите медиуми у државава, па имамо дадено 18 људи што работаа у овја бизнис за големите медиуми што овде, таќе и у странство. Па кој ќе им кажуе на људиве ал је загадена вода, ал ќе има струја, ал дупќете са асфалтирани ал не са… Љл напишал некој TETOVA INTERNACIONAL FILM FESTIVAL и го сменил топонимот на градов.

Засучуем ја рукае и го земам тефтерот со 100-те најубаај компаније у државава шо праа миљоани евра.

Им пишуем ја на свите овја100, море сто и кусур, дека теовското стопанство не може да поддржи еден нормален медиум, дека ќе нема на људиве кој да им каже за дупќе, вода, струја и уште многу драбулије што живот знача. Дека медиумот, меѓу другото, го „артикулира живеењето на заедницата на која и се обраќа”. Ги замољуем ако ништо друго да не стаа у графата општествена одговорност и со ситни паре да ни поможа (бичими-садака), за кој нормално ќе добија реклама од Јажинце до Стража и за свите што го проаѓаа путот Скопје – Охрид.

Све упутено на директори, на маркетинг сектори, на лични секретарќе, на управни одбори, абе све ка што је ред.

Им пишав дека друѓи опције што ни остануа на нас овде, је за све ова (дупќе, струја, вода) је или да прашуемо дирекно у Скопје, или да научимо течно албански, или да се спакуемо и да си остане TETOVA раат од нас кербериве на дел од државава…

И што мислите, кој сакав да го споделим патриотизмов, за да не останем ЈА сам, каков беше резултатот?

Три фирме одма ми одговорија со конкретни буџети за годишни договори. Тотал од трите 200 евра месечно, за што од срце им се захваљуем. Четири ме откачија дека га разбирале ситуацијата ама не биле у можност (овја не са ‘едиси кој” фирме, ова са бе брат ФИРМИШТА). Друг никој не се јави дури ни да ме оцпуе, ка да нѐ нема, ка да непостоимо.

И седим и се мислим. Ете га испоштуав прабаба ми Епса, таја викала „кој ти је зортно кажи им на свите з’ш после ќе викаа абе з’ш не кажа ќе ти поможев” и – џабе, ама сега нема јунак да каже „абе што не кажа…”

Идејата кој тргнуев у овја, пропали поход, ми беше не мене некој да ми поможе. Ако може да научим едно 3-4 деца на нормално новинарство, да напраемо нешто за следни генерације, зашо мене не ми је испод част да возим такси (и ваков гачкаџија вероватно паре ќе праем), ама од 1981 сум у ова, па ваљда можем и нешто паметно да им кажем, да ги подучим. Зашо и вода, ал ќе има ал не, треба да знаеш на људите да им кажеш. Успут свите што се занимаваа со новинарство са задовољни со ситно (загарантиран минималец). Зашто ако влезеш у него, еееееее тоа е љубов и дрога… Ама со 200 евра месечно, како да ви кажем, не се прае ништо.

Интересно, за овја работе, иако се знае, ни МЕЏУНАРОДНА, ни ДОМАШНА се потресуе, ама за „друѓите” не беше таќе.

Па таќе, ако продужимо да се „онадуемо” (уствари мие ич не се онадуемо) меѓу себе, а у рестото од државава да нѐ прашуа (ка со кабает) „како је кеј вас таму”, не само TETOVA туку и KRCOVA и KUMANOVА ќе стана ERGA OMNES и после што ќе реча мојне тетовци, Роле ни е крив (ја овја Роле го немам упознато, ама има некоа симболика, не је ни Идриз, ни Љатиф, ни Муса, ни… Роле је).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...