Американската компанија за производство на електрични воизла „Тесла“ ќе банкротира во рок од четири месеци, доколку нејзиниот извршен директор Елон Муск не направи чудо и „не извлече зајак од шапката“, предупреди менаџерот на хеџ фондот „Вилас Кепитал“, Џон Томпсон.
– Компаниите еднаш мора да остварат профит, а јас не гледам дека тоа се случува таму. Ова е еден од најлошите извештаи за приходите што сум го видел некогаш. Меѓу бајките и финансиите, во овој случај ќе победат финансиите – нагласи Томпсон, коменирајќи го финансискиот извештај за работењето на „Тесла“.