САД се „длабоко загрижени“ поради ситуацијата во претежно курдскиот град во Сирија, Африн, кој го напуштаат голем број луѓе, веројатно поради турската воена операција, соопшти денеска Стејт департментот.
САД ги повикаа сите „релевантни актери активни во северозападниот дел на земјата, вклучувајќи ги и Турција, Русија и сирискиот режим да им овозможат пристап на меѓународните хуманитарни организации“, се наведува во соопштението.
Турската армија заедно со сојузничките сириски бунтовнички групи на 20 јануари почна воена операција против Силите за заштита на народот во реонот на Африн. Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автиномија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.
Според Анкара, со операцијата „Маслиново гранче“, Турција сака да спречи создавање на „терористчки коридори“ во Сирија и да ги спаси луѓето кои „се угнетени од терористички организации“.