Девојките чиј татко е вклучен во нивниот живот од почеток, имаат можност за подобра иднина и подобро здравје отколку оние кои растат без татко.
Во денешното општество кадешто има значително повеќе самохрани мајки отколку во минатото, постои тенденција да се верува дека една жена може да подигне дете – особено ќерка – самостојно.
Сепак, неодамнешните студии покажуваат дека ова не може да биде подалеку од вистината. Девојчињата не само што имаат бенефит од тоа да го имаат татко си во близина, туку нивниот татко им треба и за да се развијат емоционално правилно.
Зошто се татковците важни емоционално?
Според студијата објавена во Journal of Family Psychology, девојчињата кои имаат добри односи со нивните татковци имаат помала веројатност да развијат анксиозност и депресија, плус се подобри во справувањето со секојдневниот стрес.
Исто така, тие се многу покомотни да зборуваат за нивните чувства, и таа способност да бидат отворени за тоа како тие се чувствуваат може да им помогне да се подготват за поисполнети односи со други луѓе во иднина.
Нештата како лични вредности, сликата за себе, односите, сексуалноста и чувството за контрола над сопствениот живот се другите работи што татковците помагаат да се оформат кај нивните ќерки. Кога таткото формира длабок, здрав однос со својата ќерка, тој помага таа да создаде позитивна слика за себе и ѝ овозможува да воспостави чувство на контрола врз нејзиниот живот, што ќе ѝ овозможи да има самодоверба за да успее.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.