„Танц Фест“ формираше Совет за доделување на награда за млад уметник

Членови на Советот за доделување на награда за годинишни оставрувања во областа на танцовата уметност „Менада за млад уметник“ се Емилија Џипунова, Соња Здравкова Џепароска, Биљана Тануровска Ќулавковски, Биљана Илиќ Ѓероска, Сотир Трајков и Рисима Рисимкин.

425

„Танц Фест“, кој годинава ја прогласи за Година на танцот!, со цел да го промовира современиот танц, како и танцовата уметност во целост, во насока на поттик и унапредување на развојот, посебно на млади уметници, одлучи да формира Совет за доделување на награда за годинишни остварувања во областа на танцовата уметност „Менада за млад уметник“, кој во период од март 2018 година, до март 2019 година, ќе ги следи настаните во обалста на танцовата уметност во Македонија.

Советот, кој е составен од истакнати, врвни уметници, теоретичари, практичари, куратори и новинари, ќе одлучи за доделување на Наградта „Менада за млад уметник“, прва од овој вид кај нас, која ќе се додели за прв пат, на јубилејното петнаесетто по ред издание на фестивалот „Танц Фест“ во април, 2019 година.

Наградата ќе се доделува за млади уметници од областа на танцот, ќе бидат опфатени сите категориии на уметнички танц, за посебен придонес во областа на танцовата уметност, нејзино поттикнување, развој и уметничка експресија на годишно ниво.

„Оваа награда ја воведуваме, со цел да се одбележат напорите на младите кои работат во областа на танцовата уметност во Македонија, во тешки и не секогаш соодветни услови, но се исклучително посветени и талентирани“, велат организаторите.

Членови на Советот за доделување на награда за годинишни оставрувања во областа на танцовата уметност „Менада за млад уметник“ се Емилија Џипунова, Соња Здравкова Џепароска, Биљана Тануровска Ќулавковски, Биљана Илиќ Ѓероска, Сотир Трајков и Рисима Рисимкин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...