Тачи: Годинава е можна спогодба за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Не станува збор за нешто од кое двете страни можат да изгубат, туку можат само да добијат и да напредуваат во процесот на евроинтеграции, истакна Тачи.

91

Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека спогодбата за сеопфатна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е можно да се постигне оваа година.

– Не станува збор за нешто од кое двете страни можат да изгубат, туку можат само да добијат и да напредуваат во процесот на евроинтеграции – истакна Тачи.

Синоќа, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини во Брисел, Тачи изјави дека разговорите биле конструктивни и се однесувале на веќе постигнатите договори, нивната имплементација и следните чекори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...