Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на самитот на НАТО во Лондон, следната недела, соопшти денеска Белата куќа.
Самитот во Лондон ќе се одржи во вторник и среда, а предвидено е Трамп да се сретне и со британскиот премиер Борис Џонсон.
Како што пренесуваат светските агенции, самитот ќе се одржи кратко време откако Трамп рече дека некои членки на НАТО издвојуваат многу малку средства за одбрана.