Tимот на проектот „Импала“ на гости кај премиерот Заев

Проектот „Импала“ доби финансиска поддршка од Планот за економски раст преку Фондот за технолошки развој и иновации.

130

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со Весна Кузмановиќ, лидер на тимот за проектот „Импала“, финансиски поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој-ФИТР. Разговараа за важноста на поддршката од државата за развој на иновациите и претприемачкиот дух што, пак, придонесува за развој на економијата и можностите за отворање нови и добро платени работни места.

– Драго ми е што во Република Северна Македонија развивме систем на препознавање и поддршка на иновативноста, креативноста и претприемачкиот дух, со кој проектите базирани на иновации добиваат шанса да се развиваат понатаму. За нас успешноста на реализација на вашиот иновативен проект претставува гордост на сите граѓани и целата држава и продолжуваме силно да ги поддржуваме иновативните проекти- рече Заев.

Проектот „Импала“ доби финансиска поддршка од Планот за економски раст преку Фондот за технолошки развој и иновации. Тим-лидерката Кузмановиќ го презентираше концептот кој се базира на најновите научни достигнувања од областа на економската психологија, неврологија и маркетинг преточени во нови технолошки ИКТ-решенија.

– Со финансиската поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој успеавме да развиеме апликација која сега е потполно функционална и веќе ја користиме за тестирање различни маркетиншки алатки. Повратните информации од клиентите се крајно позитивни и тоа е потврда дека сме на вистинскиот пат. Покажавме кредибилитет и кај WIF, во чија акцелераторска програма влеговме и сме пример дека во Северна Македонија има потенцијал за развој на стартапите, и во сферата на ИКТ. Тие пројавија интерес и за влез на македонскиот пазар како дополнителен извор на финансирање – информираше Кузмановиќ.

Таа истакна дека помошта од државата е исклучително важна за да се мотивираат и други млади луѓе со идеи да се вклучат во процесот на развој на иновативни проекти и нови креативни решенија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...