Tевдовски: Со влезот во ЕУ и НАТО платите ќе одат во нагорна линија

359

Растот на платите и проектите за локален развој беа една од темите во фокус на денешната средба на министерот за финансии Драган Тевдовски со граѓаните и стопанствениците во Демир Хисар.

– Ја зголемивме минималната плата на 12 илјади денари. Ги зголемивме платите за пет проценти во образованието и здравството. За 10 проценти се зголеми платата на припадниците на АРМ. Направивме целосна системска реформа за социјална и детска заштита која треба да ги извлече граѓаните од сиромаштија. Со влезот во ЕУ и НАТО животниот стандард значително ќе се подобри. Ќе се обезбедат поголеми фондови за патишта, за образование, за болници“, порача Тевдовски.

Тевдовски информира дека ќе започне изградбата на патот Битола – Демир Хисар, а ќе се објави и тендер за проектирање на експресен пат Битола – Меџитлија.

– Преку проектот за подобрување на општинските услуги на Светска Банка изграден е и локален пат Обедник – Смилево до манастирот. Со изградбата на патот се подобрува локалната економија. Им се помогна на 500 жители кои собираат шумски плодови. Се зголеми и локалниот тузирам. Сега 1.500 посетители на манастирот имаат полесен пристап. Преку МСИП проектот во финална фаза е постапката за одобрување за набавка на 4 минибуси за превоз на ученици, рече Тевдовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...