Tаткото на Меган Маркл може само на еден начин да стапи во контакт со неа

93

На драмата поврзана со војвотката од Сасекс Меган Маркл и нејзиниот татко Томас маркл не и се гледа крајот, а како последица на тоа, Меган одбива контакт со него.

Според извори на „Дејли мејл“, Меган нема да зборува со нејзиниот татко сè додека не покаже почит и добри манири, и секако, додека не престане да дава лажни изјави во јавност.

Војвотката од Сасекс нема никаков контакт со татко и по кралската венчавка, а постои само еден единствен начин на кој тој може да дојде до неа, без истиот да биде одобрен или одбиен од палатата.

Томас може да стапи во контакт исклучиво преку неговата поранешна сопруга, мајката на Меган, Дориа Регланд.

„Ако Томас навистина сака да зборува со Меган, може лесно да напише писмо до нејзината мајка, па таа да ѝ го предаде – рекол изворот, со оглед на тоа што Меган и Дориа се блиски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...