Свекорот на Пипа Мидлтон обвинет за силување на малолетничка

671

Свекорот на Пипа Мидлтон, помладата сестра на Кејт Мидлтон – сопругата на принцот Вилијам, француското обвинителство го товари за силување на малолетничка.

Дејвид Метјуз од вторникот се наоѓа во притвор во Париз, а во четвртокот против овој 70-годишен богаташ беше подигнато обвинение за силување на малолетничка.

Станува збора за настани кои се случиле во 1998 и 1999 година, но тужбата била поднесена дури во 2017 година.

Пипа Мидлтон во мај 2017 година се омажи за финансискиот експерт Џејмс Метјуз, а неговиот татко Дејвид Метјуз управува со инвестициски фондови и е поранешен пилот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...