Минатата година во земјава бројот на невработени лица изнесувал 213.564 што претставува 22,4 отсто од активното население во земјата, објави Државниот завод за статистика.
Во однос на претходната година стапката на невработеност бележи намалување за 1,3 отсто. Во 2016 година стапката на невработеност изнесувала 23,7 отсто. Бројот на невработени лица изнесувал 225.049 лица.
Во 2017 година, според ДЗС, активното население броело 954.212 лица, од кои вработени се 740.648 или стапката на вработеност изнесувала 56,8 отсто