Стапката на невработеност 21,9 отсто во последниот квартал лани

113

Во последното тримесечје лани од вкупно 953.692 активно население вработени биле 745.206, а невработени 208.486 лица. Стапката на невработеност во истиот период е 21,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во истиот период е 56,8 отсто, а стапката на вработеност 44,3 отсто.

Споредено со последниот квартал во 2016 година се бележи намалување на невработеноста која тогаш изнесувала 23,1 отсто, како и зголемување на стапката на вработеност која тогаш изнесувала 43,5 отсто.

Во посочениот период 61,3 отсто од активното работоспособно население биле мажи, а 38,7 биле жени. Од вкупниот број вработени, пак, 61 осто биле мажи, а 39 оѕтсто жени.

Неактивно население во последниот квартал биле вкупно 726.702 лица од кои 256.511 биле мажи, а 470.191 жени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...