Станбениот квадрат поевтин во Скопје, лани

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 отсто помалку во споредба со 2016 година,

665
20130527 Monday 1052 Skopje vmro hotel bristol gradenje SK14

Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2017 година изнесувала 41.822 денари, што е за 2,9 проценти помалку во однос на 2016, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопје просечната цена на метар квадратен лани изнесувала 43.710 денари, што е за 14 отсто помалку во споредба со 2016 година, а во останатите населени места во Македонија 32.001 денар, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со 2016.

Во втората половина од минатата година просечната цена на квадратен метар стан е намалена за 6,2 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 4,8 отсто.

Наведените просечни цени се без Данок на додадена вредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...