ССК – Конфиндустрија: Ќе се зголемува трговска размена

132

Зголемување на економско-трговските релации помеѓу Македонија и Италија, можностите за нивно унапредување и искористување на потенцијалите за инвестирање беа темите на дискусија на денешниот настан на кој Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализира соработката со конфедерацијата на италијанската индустрија „Конфиндустрија Македонија“.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Македонската комора за посредување во промет со недвижности во ССК, Александар Милошевски и претседателот на „Конфиндустрија Македонија“, Марко Маркони.

На настанот присуствуваше амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, кој даде поддршка на иницијативата за дополнитело зацврстување на билатералните бизнис релации на компаниите од двете земји, а го истакна и значењето кое го има конфедерацијата на италијанската индустрија „Конфиндустрија“ во Македонија за унапредувањето на економските односи.

Според последните податоците на Државниот завод за статистика за месец јануари годинава, Италија е шести по големина трговски партнер на Република Македонија. Вкупната трговска размена во јануари 2018 изнесувала над 50 милиони, а во истиот период минатата година 33 милиони долари. Во истиот период, извозот е над 16 милиони американски долари, а увозот над 33 милиони американски долари.
На годишно ниво, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Италија од година во година се зголемува, така во 2017 изнесува 612,4 милиони американски долари, извозот изнесува 185,2 милиони долари, увозното салдо е 427,2 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...