Српските социјалисти бараат споменик на Милошевиќ во Белград

165
ФОТО: EPA/Srdjan Suki

Социјалистичката партија на Србија (СПС) официјално побара во Белград да биде подигнат споменик на поранешниот претседател на СР Југославија и Србија и нејзин партиски лидер Слободан Милошевиќ.

Предлогот на СПС, во изјава за „Блиц“ го потврди партискиот почесен претседател Милутин Мркоњиќ, кој досега во неколку наврати безуспешно ја иницираше оваа идеја.

Иницијативата е доставена до Комисијата за именување улици и плоштади при Градското собрание на Белград, кое допрва треба да биде конституирано по изборите одржани во неделата.

Претставничка на иницијаорите во изјава за „Блиц“ тврди дека одговор на предлогот очекуваат за „месец, до два“.

Ако Комисијата даде позитивно мислење за предлогот, конечното решение по него треба да го донесе белградското Градско собрание во кое мнизунство има коалицискиот партнер на СПС, Српската напредна партија (СНС) на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

ФОТО: EPA/Srdjan Suki

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...