Српската пејачка со модринки и во болки завршила на Ургентен!

Пејачката паднала среде подземен тунел во Белград.

1898

Популарната српска пејачка Биља Крстиќ се соочи со неочекуван проблем и тоа само два дена пред големиот концерт кој бил закажан во Љубљана.

Пејачката паднала среде подземен тунел во Белград.

– Уживав во прошетка низ градот и во желба побрзо да стасам до Белград, тргнав кон подземен тунел. Тоа беше кобна одлука. Воопшто не забележав дека долу има решетки, нозете ми се заглавија, паднав како свеќа. За среќа, не скршив ништо, но ги удрив брадата и коленото. Не сакав да ризикувам, па веднаш отидов на Ургентен. Ми пружија прва помош, па отидов на гостување во телевизија. Ги замолив шминкерите да ми ја скријат модринката, бидејќи брадата почна да добива сина боја – признала Биља.

Подоцна е установено дека болката се проширила, како и хематомите, но тоа не ја спречило да се упати кон Словенија во која одржала одличен концерт. Специјален гостин и бил Бора Ѓорѓевиќ, а признала дека атмосферата пред тамошната публика била фантастична.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...