„Гаспром“ испрати официјално соопштение до украински „Нафтогас“ за почеток на раскинување на договорот за снабдување и транзит на гас пред Арбитражниот суд во Стокхолм, соопшти извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер.
Тој истакна дека „Гаспром“ бил принуден веднаш да го покрене тој процес „бидејќи арбитражата во Стокхолм, водена од двојни стандарди, усвоила асиметрична одлука кога станува збор за договорите на Гаспром со Нафтагас“, пренесува ТАСС.