Советник на ОАЕ плаќал конгресемни за САД да заземат цврст став кон Катар

140

Еден од водечките организатори за прибирање средства за Доналд Трамп добил милиони долари од политички советник на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а потоа дал политички донации на конгресмени, додека во Конгресот се расправало дали САД да заземат поцврст став кон Катар.

Советникот на ОАЕ. Џорџ Најдер сега е сведок на истрагата на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за странско мешање во политиката на САД.

Американските медиуми информираа дека Најдар префрлил 2,5 милиони долари од собраните средства за Трамп на Елиот Бројди преку канадска фирма. Парите му биле исплатени на Бројди за финсирање на лобистичките напори за да ги убедат САД да заземат поцврст курс кон Катар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...