„Souvenir de Florence“ – концерт на Гудачки октет во Македонската филхармонија

68

„Souvenir de Florence“ е насловот на камерниот концерт кој ќе се одржи во сабота во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот.

Станува збор за концерт на Гудачки октет составен специјално за настапот во Скопје, од музички уметници од Европа и од Македонија, со импресивна кариера зад себе: Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров – виолини; Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД, Австрија) – виоли; Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) – виолончела. На програмата ќе бидат изведени делата: „Souvenir de Florence“ оп. 70 од Петар Илич Чајковски и Гудачки октет оп. 20 во Es-dur од Фелиск Менделсон.

Гудачкиот октет е формиран специјално за концертот „Souvenir de Florence“ од страна на истакнатиот македонски виолист Дритон Гаџа, кој годиниве наназад живее и кариерата ја гради во Германија и во Австрија. Станува збор за осуммина музичари од Македонија и од Европа, со зад себе завидна кариера, со настапи во престижни концертни сали, со видни оркестри и диригенти, добитници на бројни меѓународни награди, виртуози на своите инструменти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...