Словенија пред туристичката сезона бара 5000 работници

Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, бидејќи домашниот кадар е преоптоварен.

291

Словенечките туристички работници очекуваат и оваа година продолжување на растот од туризмот, но се борат со недостаток на вработени. Ним им недостасуваат 5000 луѓе, кои имаат намера да ги добијат од блиското опкружување.

Вработување на странски готвачи, келнери и слични занимања во словенечкиот туризам ќе биде потребно и за наредните години, бидејќи домашниот кадар е преоптоварен, а нивниот синдикат веќе со години се жали на ниските плати и високите даноци за прекувремено работење.

По четири години континуиран туристички раст, Словенија лани имаше 4,7 милиони туристички доаѓања и 11,9 милиони ноќевања. Се очекува и оваа година државата да забележи раст на бројот на ноќевањата и приходите, но проблемот со дефицит на кадар хронично е присутен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...