Љубљанската НЛБ банка почна да бара инвеститори кои сакаат да купат портфолио на лошите побарувања во Србија.
Станува збот за лоши кредити во вредност од околу 115 милиони евра и помало портфолио на недвижности.
Исто така на продажба се наоѓа и српска компанија за решавање на проблематичните побарувања, соопшти НЛБ преку интернет страницата на Љубљанската берза.