Словачкиот премиер понуди оставка поради убиството на новинарот

149

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е спремен да поднесе оставка доколку неговото заминување нема да предизвика предвремени избори, пренесува Би-би-си.

– Денес му ја понудив својата оставка на претседателот на Словачка Андреј Киска. Доколку биде прифатена, спремен сум утре да заминам од местото премиер – изјави Фицо.

Фицо додаде и дека е спремен да претстави свој наследник и дека кандидатот за премиер би бил од неговата социјалдемократска партија Насока.

Најавата за оставка на Фицо доаѓа набрзо по политичкиот скандал предизвикан од убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак. По убиството оставка даде и словачкиот министер за култура Марек Мадарич.

Словачкиот новинар во моментот кога беше убиен истражувал афера поврзана со корупцијата во високите политички на словачката владејачка партија. Неговата свршеница Мартина Кушнирова исто така беше убиена во нападот во нивниот заеднички дом.

Набрзо по убиството на Кучијак, Фицо понуди милион евра награда за кој било кој ќе даде информации за убиството. Банкнотите ги донесе на прес-конференцијата на која го објави распишувањето на наградата.

Фото: EPA/JAKUB GAVLAK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...