Симфонски концерт за деца посветен на екологијата

162

Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој аниматор ќе биде познатиот водител на емисии за деца Ивце Пивце.

На концертот, кој ќе го води диригентот Фи Фи Ле, ќе бидат изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, Сметана…

Концертот е посветен на екологијата, чувањето на чистата природа, соживотот на растителниот и животинскиот свет. Раскажува приказна за група ученици кои одат на екскурзија и за нивните перипетии кои ќе им се случат по патот.

„Ова е уште еден од едукативните концерти на Македонската филхармонија чија мисија е преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за екологијата, надвор од училишните клупи“, соопшти Филхармонијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...