Швеѓанка има нозе долги 101,6 сантиметри

598

Швеѓанката Ула Естергрен може да се пофали со успешна кариера на манекенка и бодибилдерка, но и со прилично долги нозе, поточно – 101,6 сантиметри. Благодарејќи на тој нејзин атрибут, таа има илјадници следачи на Инстаграм.

Ула на своите профили на друштвените мрежи постојано открива детали од нејзиниот живот, најмногу од тренинзите и скапите вечерни излегувања. Но, во фокусот, покрај убаво обликуваното тело, се нејзините нозе – дамите и завидуваат, а мажите постојано и праќаат комплименти.

Иако денес, според многумина, претставува поим за речиси совршен изглед, Ула во интервју за Спутник вели дека нејзиниот живот е многу променет, оти во детството тој „необичен“ изглед бил повод за исмевање од некои нејзини врсници.

Во 2013 таа почнала редовно да се занимава со спорт, што придонело да го обликува своето тело до совршенство. На тренинзите го запознала и својот сегашен сопруг Торбјорна Естергрен, со кој имаат две деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...