Шварценегер ќе ја тужи нафтената индустрија за „убиство од прв степен“

184

Исто како и тутунската, и нафтената индустрија е соучесник во „свесно убивање луѓе низ целиот свет“, поради глобалното затоплување предизвикано од фосилните горива, и тие ќе одговараат за тоа, рече еден од најпознатите поранешни гувернери на Калифорнија.

Арнолд Шварценегер вчера на фестивалот „Саут бај саутвест“ за Политико ја критикуваше нафтената индустрија, предупредувајќи дека тој и адвокатските фирми со кои разговарал планираат да тужат некои од најголемите нафтени компании.

– Апсолутно е неодговорно да знаете дека вашиот производ убива луѓе и да не ставите предупредувачка етикета – рече тој, тврдејќи дека нафтените компании најмалку од 1950-тите години знаеле дека фосилните горива ќе доведат до климатски промени што ќе го доведат човечкиот род во опасност.

– Ако влегувате во соба и знаете дека ќе убиете некого, тоа е убиство од прв степен – рече тој.

Шварценегер, кој не кажа рок кога ќе преземе официјална акција, во мај ќе биде домаќин на Австрискиот светски самит, каде што ќе се сретнат „акциони херои“ за да дискутираат за прашањата поврзани со животната средина.

Поранешниот Терминатор-гувернер зборуваше и за претседателот Трамп, кој на митингот во Пенсилванија во саботата изјави дека Шварценегер „кикснал“ на Трамповото шоу „Чирак“ (The Apprentice).

– Никогаш не ми е јасно како Русите го натеруваат да кажува некои работи – рече Шварценегер.

Тој стана посериозен кога зборуваше за движењето #MeToo; тој самиот е обвинет за „фаќање“ и друго несоодветно однесување. „Мислам дека тоа е фантастично“, рече тој за притисокот кон преземање одговорност. „Мора така да го гледаш тоа и да си кажеш ‘Грешев. И мора да се извинам’“.

Фото: EPA/Moshe Milner / GPO HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...