По критиките на членови на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), лидерот Мартин Шулц се откажа од функцијата германски министер за надворешни работи.
Во договорот помеѓу демохристијаните на Меркел и СПД за нова владина коалиција, позицијата шеф на дипломатијата беше доделеана на Шулц, но истакнати членови на неговата партија ги критикуваа.
Тој изјави дека се откажува за да се стави крај на дебатите за личните решенија во рамките на СПД и соопшти дека интересите на партијата ги става пред личните амбиции.
Социјалдемократите на Шулц ги добија ресорите за надворешни работи, за финансии и за труд и социјална политика.
Договорот и кадровските решенија наидоа на критики од страна на некои истакнати членови на социјалдемократите, вклучително и од актуелниот германски министер за надворешни работи и поранешен партиски лидер Зигмар Габриел, кој во едно интервју изјави дека е разорачан од тоа „колку малку во СПД се почитуваат нечии одлуки и колку малку тежи нечиј даден збор“.