Шпаркасе Банка воведе еко – кредити за енергетска ефикасност

Кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата веќе достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка.

413

Шпаркасе Банка Македонија во своето портфолио на кредитни производи за физички лица ги воведе новите ЕКО-кредити за унапредување на енергетската ефикасност на домаќинствата во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и GEFF во Македонија.

Со новата палета на ЕКО–кредитите, Шпаркасе Банка Македонија ја потврдува својата посветеност на реализација на проекти што имаат за цел заштита на животната средина, унапредување на енергетската ефективност кај домаќинствата, а со тоа и да ги потврди заложбите за општествено одговорно банкарско работење.

Воедно, Шпаркасе Банка Македонија е првата банка во Македонија што стана дел од програмата на ЕБОР и GEFF, преку кои ја пласира новата кредитна линија во износ од 2 милиона евра наменети за унапредување на енергетската ефикасност во домаќинствата. Дополнително, во изминатиот период Банката ја пласираше и кредитната линија од ЕБОР во износ од 3 милиона евра наменети за финансирање на станбеното кредитирање. Кредитите за унапредување на енергетската ефикасност веќе се достапни во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија и со своите поволности им овозможуваат на граѓаните и поврат на инвестициските средства во висина од 15% до 20% од инвестициската вредност на прифатливиот проект.

Доколку кредитот се однесува за набавка на само една технологија, на пример, набавка на прозорци и врати, тогаш клиентот ќе има можност за 15% грант од вкупната вредност на инвестицијата, додека за набавка на две или повеќе технологии, на пример покрај прозорци и врати се инвестира и во топлински пумпи, тогаш инвестицискиот грант ќе изнесува 20% од износот на кредитот. При позитивна одлука, дека наменско одобрените средства се соодветно искористени, Шпаркасе Банка Македонија ќе изврши поврат на вложените средства до максимално дефинираниот износ на грантот на трансакциска сметка на клиентот.

– Се надеваме дека со новата понуда на ЕКО-кредитите ќе ги стимулираме граѓаните да започнат проекти за подобрување на енергетската ефикасност на нивните домови, со искористување на поволностите што им ги овозможува оваа кредитна линија од ЕБОР, со крајна цел за заштита на животната средина и поттик на инвестициите во енергетски ефикасни проекти и производи – изјави Викторија Јовановска, директор на Секторот за управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.

Заинтересираните клиенти на Шпаркасе Банка Македонија, физички лица, ќе можат да аплицираат за најновите ЕКО-кредити во експозитурите на Банката по следните услови:

Намена на кредитот е финансирање енергетско ефикасни производи во домаќинствата, износот е до 50.000 евра, рок на отплата до 20 години, а каматната стапка почнувајќи од 5,70 проценти фиксна за првите 3 години, а потоа променлива почнувајќи од 5,90 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...