Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп и девојка на Илон Маск, била излезена на романтична вечера со холивудската ѕвезда Шон Пен.
Холивудски извори за „Пејџ сикс“, ексклузивно потврдиле дека Амбер во доцните часови уживала на вечера со Шон. Славниот пар бил виден во Тауер бар во Лос Анџелес.
– Амбер Херд и Шон Пен изгледаа како да се на рандеву. Поделија шише црвено вино, флертуваа и беа многу интимни меѓу себе, разговараа и се смееја – изјавил извор за „Пејџ сикс“, додавајќи дека актерката го носела истиот фустан во кој била на последното појавување со Илон Маск и дека изгледала многу среќно.
Претставниците на Амбер Херд и на Шон Пен не ја коментирале информацијата за нивната романса.
Четириесет и шестгодшиниот милијардер Маск во февруари откри дека 31-годишната Херд го оставила и дека му нанеча „ужасна емотивна болка“.