Шарлиз Терон се здебели 16 килограми за улогата во новиот филм ВИДЕО

714

Шарлиз Терон за улогата во новиот филм „Тули“ се здебели 16 килограми, а неодамна се појави и трејлерот за оваа драма.

Таа во филмот игра мајка на две деца, која е бремена со третото, а на инсистирање на нејзиниот брат ја ангажира дадилката Тули, иако во почетокот е скептична за оваа одлука.

Актерката истакна дека и претходно се соочувала со улоги во кои требало да се здебели, но дека овие 16 килограми вишок навистина тешко и паднале.

–  Беше брутално во секоја смисла, се одрази на моето здравје – посочи Терон.

Актерката потенцира дека паднала во депресија, а исто така и било особено тешко да се ослободи од вишокот килограми.

Претходно Терон за улогата во филмот „Монструм“ се здебели 13 килограми. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...