Се урна пешачки мост во Мајами, неколкумина загинати

325

Засега непознат број лица загинаа при уривањето на новоизградениот масивен пешачки мост во Мајами, што поврзувал кампус со универзитет.

Сообраќајната полиција потврди дека мостот се урнал врз возила и оти неколку лица почнале. Најмалку едно лице е повредено и пренесено во болница.

Мостот, што тежи 950 тони беше пуштен во употреба во саботата, по што бил малку спуштен до финалната позиција.

Мостот е изграден со користење иновативен пристап кон изградба на мостови – техника што требаше да ги намали потенцијалните ризици за работниците, патниците и пешаците и да ги спречи сообраќајните метежи во областа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...