Саудиска Арабија покажа интерес и за рускиот ракетен систем С-400, кој исто така, би сакала да го произведува на локално ниво.
Саудиска Арабија само два отсто од оружјето во својот арсенал го произведува на локално ниво, но власите планираат до 2030 година половина од потребното оружје да го обеезбедат од сопствено производство.
Блумберг наведува дека Саудиска Арабија е „омилен клиент“ на трговците со оружје, а посебно на САД. За време на минатогодишната посета на Ријад, претседателот на САД, Доналд Трамп најави одбранбени договори во висина од 110 милијарди долари.
Саудиска Арабија покажа интерес и за рускиот ракетен систем С-400, кој исто така, би сакала да го произведува на локално ниво.
– Многу внимателно ќе процениме што нашите партнери би можеле да понудат- изјави директорот на Саудискоарапската воена индустрија (САМИ), Андреас Швер.