Глумицата Сара Џесика Паркер, по мала пауза и неизвесност, и даде целосна поддршка на својата колешка од хит серијата „Сексот и градот“ – Синтија Никсон, која одлучи да се кандидира за гувернерка на сојузната држава Њујорк.
– Мајка, активистка, правничка, борец, Њујорчанка и моја драга пријателка се натпреварува за гувернерка на нашата сојузна држава. Моја сестро на екранот, но и вон него, ја имаш мојата љубов, поддршка и глас – напиша Паркер на својот Инстаграм профил објавувајќи фотографија од Никсон.
Претходно поддршка за Синтија искажаа и Кристин Дејвис и Ким Катрал – остатокот од познатата актерска четворка од серијата.