Самит за Западен Балкан во јули во Лондон

93

Следниот Самит посветен на Западен Балкан, во рамки на Берлинскиот процес, ќе биде одржан на 9 и 10 јули во Лондон, а една од главните теми ќе биде помош при дигиталната трансформација, изјави координаторот на средбата Ендрју Пејџ.

Тој истакна дека Велика Британија и покрај Брегзит, сака да остане посветена на регионот Западен Балкан.

– Приоритети ќе бидат економската стабилност, поврзаноста на земјите во ргеионот, натамошен развој на инфраструктура – патишта, железница, помош при дигиталната трансформација и претприемништвото меѓу младите, истакна Пејџ.

Тој потенцираше дека во изминатите години е направен голем напредок и потсети дека во Траст е потпишан Акциски план за заедничко економско подрачје во регионот, со цел унапредување на трговијата и инвестиции на Западен Балкан.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...