Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот

Акцентот на дискусијата, освен на дигитализацијата, ќе биде ставен и на меѓународните бизнис релации, како и на „старт-ап“ иновативните бизниси.

132

Стопанската комора на Македонија најавува конференција за современите трендови во бизнисот како „блокчеин“ технологијата, „краудфандинг“ моделите на алтернативно финансирање, роботиката и автоматизацијата, иднината на „крипто-светот“, но и етичката страна на дигиталниот пазар.

Конференцијата на тема „Самит на малите земји – нови трендови во бизнисот“, ќе се одржи овој петок во Скопје, а поканети се претставници од приватниот сектор, државата и научната фела.

Акцентот на дискусијата, освен на дигитализацијата, ќе биде ставен и на меѓународните бизнис релации, како и на „старт-ап“ иновативните бизниси.

„Имплементацијата на новата технологија во работењето на компаниите од т.н. мали земји им нуди неограничени можности. Достапноста до светскиот пазар ги доведува во скоро еднаква позиција со најголемите играчи во секторот и придонесува за зголемување на нивната конкурентност“, наведуваат од Комората.

Додаваат дека зголемената конкуренција на глобалниот пазар бара соодветна реакција од компаниите и нивно постојано приспособување на новиот начин на работа.

Од конференцијата се очекуваат конкретни заклучоци.

Целта е да предочиме на новите трендови во бизнисот, како и на приспособувањето на современите услови со цел континуиран пазарен успех. Конференцијата треба да придонесе за подобрување на бизнис врските преку користење современа технологија, како и визија за правецот на движење на бизнис секторот во иднина, со посебен акцент на „краудфандинг“ моделите и иднината на „крипто-светот“, како и на етичките аспекти од воведувањето на новите технологии во бизнисот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...