Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум.
Новата мерка што ќе стапи во сила по 15 денови, нема да се однесува за Канада и за Мексико.
На прес конференција по потпишувањето на документот, Трамп го оквалификува увозот на челик и алуминиум како „напад врз нашата држава“. Според него, домашното производство е прашање на национална безбедност.
– Ако не сакате да плаќате царини, донесете ги фабриките во САД – изјави американскиот претседател.
Тој исто така побара отстапки од државите од Европската унија укажувајќи дека тие се однесуваат нечесно спрема американските автомобили и се закани дека може да ги зголеми царините за увоз на европски автомобили.