САД со нови санкции за Руси за вмешаност во претседателските избори

109
20150911 Friday 1354 americka ambasada amerikanska ambasada

САД на списокот на антируски санкции внесоа 19 физички лица и пет организации поради наводно мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

Тринаесет од нив беа обвинети од специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

На удар се и официјални лица кои работат за руската воено-разузнавачка служба (ГРУ).

Американското Министерство за финансии соопшти дека ГРУ и руската војска се мешале во изборите и директно се одговорни“ за „NotPetya“ кибер напад на чиј удар беа фирми и бизниси ширум Европа во 2017 година.

На листата е и Евгениј Пригозин, познат како готвач за рускиот претседател Владимир Путин, како и Агенцијата за истражување интернет за која Мјулер вели дека е одговорна за голем дел од кибер-вмешувања во претседателските избори. Претседателот на САД Доналд Трамп на 2 август потпиша нацрт закон усвоен од Конгресот за нови санкции за Русија, Иран и Северна Кореја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...