Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува до петок да воведат нови царини за увоз од Кина во вредност до 60 милијарди долари, соопштија неименувани извори од владата на САД.
Новите давачки се од областа на технологијата, електрониката и телекомуникациите и генерално ќе се однесуваат на стоки кои ја тангираат американскиата интелектуална сопственост. Можно е новите мерки да бидат предмет на јавна расправа.
Претходно најавените царини за увоз на челик и алуминиум во САД ќе стапат во сила в петок.