Американската Администрација синоќа ја обвини Русија за континуирана кампања на кибер напади врз електродистрибутивна мрежа на САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
– Нападите од страна на руски хакери започнале во март 2016, а можеби и порано. Цел била американската инфраструктура – енергетски, нуклеарни и комерцијални постројки, како и објекти за водоснабдување, воздухопловство и производство, се вели во безбедносното предупредување што го објави Стејт департментот.
федералното истражно биро (ФБИ) и Министерството за национална безбедност објавија дека цел на „руски владини кибер напади“ биле и мрежите на помали комерцијални објекти.
– Во нив се вметнувале штетни програми за далечински влез во мрежите на енергетскиот сектор, се вели во предупредувањето.
Ова е првпат Вашингтон директно да ја обвини Москва за агресија во кибер прострот на американските индустриски сектори.
Официјални разузнавачки лица неодамна обвинија дека Кремљ непречено врши хакерски операции против Западот „кога и да посака“.
Ова предупредување дојде откакао американското Министерство за финансии вчера воведе санкции против 19 Руси и пет компании и агенции, меѓу кои и руски разузнавачки служби, поради вмешаност во претседателските избори во 2016, но и за „други кибер напади со штетни програми во Европа и САД“.
Кремљ негира каква било вмешаност на руски владини службеници во хакерските напади и порача дека ќе преземе реципрочќни мерки на новите санкции од Вашингтон.